Внимавајте каде паркирате: Пајакот “лапна“ 83 автомобили низ Скопје
Сообраќајната полиција вчера казнила 38 возачи и 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила.
Казни си заработиле 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив тројца се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Пет возачи биле санкционирали бидејќи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а четворица возачи биле казнети бидејќи не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премини. Казни заработиле и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница. Санкционирани биле и 18 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Петар Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа