Пукање во Скопје: Ги раниле и им зеле 40.000 евра - татко и син завршија на Ургентен
Инцидент вечерва ги потресе скопјани. Околу 18 часот и 40 минути се случил инцидент откако две засега непознати лица на улицата Тодор Циповски Мерџан број 28, со огнено оружје пукале кон две лица.
Се работи за 55-годишниот Жират И. и 22-годишниот Аднан И. татко и син, сопственици на менувачница, од кои насилниците одзеле торба полна со 40.000 евра.
Според податоците, таткото е изгребан од куршум во пределот на главата, а синот бил удрен со пиштолот при што се здобил соповреди. И двајцата со возило на Брза помош биле итно пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа