Проверете дали утре ќе останете без вода
Поради поправка на шибер со пречник од 80 милиметри, утре од 09:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улиците „Шумадинска“, „Киро Крстевски Платник“ и „Коле Неделковски“ .
Ова денеска го соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и кнализација.
03.02.2014 - 18:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа