Се будиме на минус 11 - утре сонце наредните денови дожд

Во Македонија утре не очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до пет, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно време со врнежи од дожи и температури до 10 степени.

03.02.2014 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега