Фатени двајца тетовчани кои дома чувале марихуана

 

Тетовчанецот Ј.А. ќе си заработи кривична пријава бидејќи при претрес на неговиот дом, како и помошните простории на деловен објект каде тој е сопственик, пронајдена е марихуана.

Во собата на 26-годишниот тетовчанец бил затекнат и 36-годишниот сограѓанин Б.С. кој во рацете имал 14 зипер кесички со зелена материја,  кои веднаш ги фрлил на подот.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

03.02.2014 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега