Најмалку 16 повредени по земјотресот што го погоди островот Кефалонија

 

Најмалку 16 лица се полесно повредени по земјотресот со јачина меѓу 5,7 и 6,1 степен по Рихтер, што изутринава го погоди западниот грчки остров Кефалонија.

Голем број домови се разурнати, вклучувајчи го и кејот на пристанишното гратче Ликсури.

Најголем број од повредените се од паднати предмети. Голем број патишта се оштетени, а во некои делови е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода.

Градоначалникот на Кефалонија Александрос Парисис изјави дека вториот по големина град на островот Ликсури, кој бил најблиску до епицентарот на потресот, има голем број урнатини и оштетувања.

Властите ги повикаа жителите да останат смирени и да не се приближуваат до оштетените градби.

03.02.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега