Се избира Зимска убавица за 2014
Во Велес и во Скопје стартуваше карванот за избор на "Зимска убавица на Македонија" за 2014 година.
Изборот и овојпат е во организација на модното студио "Црнокрак", кое на победничката ќе и обезбеди право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои поседува лиценци, јави Вечер.
Победничка во Велес беше Ана Марија Таневска, прва придружничка Ивана Георгиевска, а втора Сара Таневска, додека во Скопје, најмногу гласови доби Ивана Георгиевска, прва придружничка и беше Ана Марија Таневска, а втора Ангела Спасовска.
Големото финале ќе се одржи во март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа