ФОТО: Ова е ќерката на Легијата по која полицијата трага со денови
Полицијата во Торонто цел викенд трага по ќерката на Милорад Улемек Легијата, 15-годишната Николија Луковиќ.
Како што пишуваат српските медиуми, канадската полиција во неделата преку телевизиската станица ЦП24, апелирала доколку некој ја види тинејџерката која последен пат била забележана во трговскиот центар во Торонто, на аголот од улицата Блур и Кил. Девојчето носело темносин или црн џемпер и долна тренерка од марката „рутс'. Исто така било објавена и нејзина фотографија, пренесе Новости.
Засега полицијата не ги соопштува можните мотиви за исчезнувањето на Николија.
03.02.2014 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа