Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Кефалонија
Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер е регистриран изутринава во Јонското Море со епицентар на 12 километри северозападно од грчкиот остров Кефалонија, соопшти атинскиот геофизички институт.
Голем број домови се разурнати, вклучително кејот на пристанишното гратче Луксури, а има и полесно повредени.
Според градоначалникот на островот Александрос Парисис има сериозни материјални штети и полесно повредени. Најсериозни погодено е пристанишното гратче Ликсури, што e лоцирано најблиску до епицентарот на потресот.
Грчките сеизмолози не ја исклучуваат можноста од нов посилен земјотрес.
Првично американскиот Геофизички институт соопшти дека потресот бил со интензитет од 6,1 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа