Охриѓанец се бори за живот - лош ТВ прием причина за несреќата
Лошиот телевизиски прием 36 годишниот охриѓанец M.M. ќе го чинеше живот. Како што информира полицијата тој вчера околу 21:40 ласот паднал од балконот на својот дом додека ја поправал телевизиската антена. Несреќата се случила н аулицата Сатеска во Охрид кога М.М. паданл од балконот на вториот спрат. Среќ во целата несреќа е што паднал на земјена површина која колку-толку го ублажила ударот.
Веднашбила повикана екипа на Брза Помош и тој бил префрлен во охридската болница Св. Еразмо каде му се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, М.М итно бил префрлен на Клиниките во Скопје, каде според последните информации се наоѓа во тешка состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа