Дарко Митевски: Македонска Каменица се движи напред

Интервју со Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица

Press24: Секоја општина си има свои одлики по кои се бележи периодот на работење на определен градоначалник, што вие како градоначалник реализиравте во изминатите години.

Дарко Митевски: Реализиравме повеќе проекти кои се од капитално значење, некои во централното  подрачје, но голем број и во селските средини. Како поголем и значаен проект би го издвоил изградбата на градски плоштад и партерно уредување на централното градско подрачје. Проектот е реализиран од средства од Буџетот на општина М. Каменица и со тоа се даде еден градски белег на нашата општина но и подигање на стандардот на живеење на граѓаните. Исто така значаен  проект е изградбата на современ градски пазар кои беше пуштен во употреба во 2013 г и денес е во функција на граѓаните, и овoј проект е реализиран од средства од сопствениот будџет.  Во делот на патната инфраструктура се реализираа многу бројни пректи за изградба на улици во централното градско подрачје но и во селските средини. Асфалтирани се улиците,,Јане Сандански,, ,,Јаков,, ,,Мирче Ацев,, "Македонска" .,,Езерска,, ,,Церска,, дел од ул.,,Маршал Тито,, дел од ул.,,Гоце Делчев,, крак на ул.,,Руенска,, ул.,,Кејска,, ул.,,Долна Река,, ул.,,Рударска,,ул.,, М.М.Брицо,, ул.„ Горна река „ како пристапните патишта до Тепеѓовска, Стипцарска (Ситновска), Грчка маала; локални патишта во с. Саса, Моштица, Тодоровци и Луковица. Изградени се повеќе паркинзи  во централното градско подрачје во површина од 2500 м2. Во најголем дел од селските средини изградивме згради за потребите на месните заедници.

Press24: Покрај овие проекти во делот на инфраструктурада, какви проекти се реализираат за пододбрување на економската и социјалната слика на општината.

 

Дарко Митевски: Моето мислење е дека многу големо внимание се посветува и на овие делови од локалното живеење. За подобрување на економската состојба имаме креирано програма за ангажирање на невработени лица за уредување на јавни површини, со таа програма секоја година ангажираме околу 100 лица кои работат во нашето јавно претпријатие. Исто така имаме програми кои се донесени од советет за доделување на еднократна парична помош на лица со ниски примања и лица на кои им се потребни средства за лекување. Во определен период од годината и подготвуваме социјални пакети и ги доставуваме до семејствата каде тоа е најпотребно.

Press24: Македонска Каменица е рударски крај. Како влијаат инвестициите во рударството за економскиот развој на Вашата општина?

Дарко Митевски: Општина Македонска Каменица е изградена од трудот на рударите и денес повторно со нивниот труд реализираме голем број на проекти. Нашите ресурси се рудните богатста и благодарение на средствата од концесиите општината се движи напред. Имаме можност да реализираме голем број на инфраструктурни и социјални проекти. Инвестициите во рударството влијаат позитивно, според плнирањата за развој на општината после разрешувањето на основните инфраструктурни проблеми, во следната фаза со изградбата на индутриската зона како и со поддршка за развој на селата планираме алтернативни извори на работни места и алтернативен економски развој на општината покрај рударсвото. Според досега истраженото сигурна е екплоатација на рудните ресурси до 2020 година, а имајќи го во предвид интересот на разноразни светски компании за геолошки истражувања, сосема сме сигурни и во подолгорочна иднина на рударството во нашата општина.

Press24: Каков е културниот живот на младите во една мала општина како М. Каменица

Дарко Митевски: Се трудиме нивото на културен живот да го издигнеме на нивото и на другите поголеми општини. Нашата општина има културно информативен центар кој се финансира од средства на буџетот на општината. Секој месец организираме определен културен настан, неколку предговодогишни концерти како и каменичко културно лето кое трае по десетина дена. Преку советот го поддржуваме работењето на фолклорниот ансабал како и реализацијата на  многу бројни проекти кои се иницирани од граѓаните а ние финансиски ги подпомагаме.

 

Press24: Што е тоа на кое во моментот сте посветени?

Дарко Митевски: Во моментот се реалзираат значајни капитални објекти, а тоа е завршување на секундарната водоводна мрежа , проекти кои се финансирани од Министерството за транспорт и врски, но и од општината, оваа инвестицја од околу 30 милиони денари ке значи долгорочно разрешување на  проблемот со водостандување. При крај се и градежните ативности на уредување на манастрискиот комплекс Еленец во с. Цера кој се реализира со средства од ИПА фондовите за преку гранична соработка и со тоа и нашата општина ќе добие еден туристички комплекс. Активно течат градежните работи за изградба на градска капела, а во текот на следната недела ќе започнеме со изградба на локалните патишта во с. Дулица.

Press24: Кој е проект кој ви е најголем предизвик за периодот кој е пред нас? 

 

Дарко Митевски: Еден проект кој значи подобрување на економската состојба во општината но и социјалната слика на граганите, тоа е уредување на индустриската зона и започнување со определени инвестиции во неа. За таму целата планска и проектна документација е подготвена, работиме на анимирање на инвеститори и очекуваме конкретни градежни активности, отварање на нови работни места и подобра иднина на општината. Целосно сме посветени на најглавното прашање, а тоа е намалување на невработеноста и мерки за враќање на нашите сограѓани кои се на привремена работа во странство

01.02.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа