Филе: Црна Гора е ставена пред се поголеми предизвици

 

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изјави дека во Црна Гора се зголемуваат предизвиците  на политичката сцена и дека  време е да почнат да се решаваат.

Филе во Брисел се сретна со претседателот на црногорскиот парламент Ранко Кривокапиќ со кого, како пренесуваат денешните подгорички медиуми, разговарал за владеењето на правото, расветлувањето на аферата „Снимка“ , плановите за преговарачките поглавја 23 и 24, како и за пристапувањето на државите на регионот во ЕУ.

Филе наведе дека натамошниот напредок на Црна Гора во преговорите бара усвојување на уставните амандмани со цел да се засили независноста и одговорноста на правосудството во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

најчитано сега