Бушати: Не постои договор со Владата на Македонија за „Луково Поле“

 

Шефот на албанската дипломатија на седница на Парламентот по интерпелацијата поднесена за него од страна на опозицијата во врска со проектот „Луково Поле“, односно Радика,  изјавил дека не постои договор со Владата на Македонија заоцој проект.

Тој ги отфрли тврдењата на екс премиерот Сали Бериша дека владите на Албанија и Македонија имаат таен договор за реализација на проектот Луково Поле и го повика Бериша да ги покаже спогодбите за кои тој тврди дека ги има. Покрај тоа тој додаде дека Радика не е меѓудржавен проблем.

- Ова не е меѓудржавно прашање. Ние треба да покажеме достоинство. Има еден идеен проект, кој за да се реализира бара физилибити судија, согласност од земјите кои може да бидат погодени  и секако финансии, за што донаторот Светска банка се изјасни дека не е подготвена да финансира проекти за кои немаат согласност инволвираните страни, изјавил Бушати.

Со меѓународните норми и Конвенции кои се потпишани од Албанија и Македонија не се дозволува девијација на води. Бушати соопштил дека имајќи го предвид значетото на прашањето имаат редовни конакти, не само со македонската Блада туку и со други политички фактори во Македонија.

- Верувам дека е многу јасно дека денеска зборуваме за нешто што не постои, што лесно се верификува во албанската и македонската влада како и СБ, нагласил Бушати.

31.01.2014 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега