Сенатот на Чешка ќе и порача на ЕУ започнување на преговорите со Македонија

Во согласност со Европската комисија  горниот дом на чешкиот Парламент-Сенатот се очекува да и препорача на ЕУ започнување на пристапни преговорите со Република Македонија.

Покрај тоа , се очекува да се назначи дека во Унијата е многу важно повторно да стартува динамиката на процесот на пристапување на Турција, како стратешки партнер.

Овој Предлог ќе се најде пред чешките претставници врз основа на документот во кој ЕК го оценува напредокот на кандидатите од Западниот Балкан за членство во ЕУ.

Според официјалните документи, Македонија како земја-кандидат ги исполнува потребните политички критериуми, но треба да поработи на воведување во пракса на потребните реформи и да се зајакне слободата и независноста на судството.

 

31.01.2014 - 17:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега