Утре дожд во недела снег - и викендов кочан ладно

Дождот утре ќе не дружи цел ден. На планините ќе има снег, а ќе дува повремено умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

И во недела времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има услови за појава на замрзнат дожд.

31.01.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега