Законот за земјоделско земјиште пред пратениците

Законот за земјоделско земјиште, денеска беше предадено на понатамошно читање од страна на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Првиот човек за земјоделие. Љупчо Димовски, истакна дека ваквиот закон ќе придонесе плодоред на закупеното земјоделско земјиште и тоа по истекот на секои пет години, непрекинато одгледување на пченица. 

За да се овозможи плодоред, земјоделците ќе мора да засадуваат различни култури во секоја наредна година. 

Во законот се предвидува и можност за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за одгледување на брзорастечки дрва на земјоделско земјиште со надморска висина над 700 метри.

Министерот Димовски рече дека една од целите е да се зголеми приносот на пченицата.

- За жал од повеќе објективни причини приносот на пченицата се движи некаде од 2,7 до 3,2 тони по хектар и тоа е малку. Ние мораме да ја произведуваме пченицата затоа што станува збор за стратешки земјоделски производи што мораме да ја имаме. Една од мерките што Владата ги превзема е токму оваа мерка за плодоред и токму на барање на земјоделците, да се одмори почвата и да се фати нов циклус кој ќе гарантира поголем принос, изјави Димовски.

Опозицијата изнесе забелешки во однос на одгледувањето брзорастечки дрва. Единствен регион, според пратеницте, кој е над 700 метри е Ресен и подземните води се повиоки за да може да се одгледуваат овие брзорастечки дрва. Се коси со Законот за шуми бидејќи над два хектари ваква површина е шума, не е веќе земјоделско земјиште.

Министерството за земјоделство, како што рече Димовски, сакаше да ја избегне опасноста на интензивно садење дрва на квалитетна земјоделска површина, која нам ни треба за производство на земјоделски производи. - Извозот на земјоделски производи е над 500 милиони евра, изјави министерот.  

Целта, појасни Димовски, не е само интензивно одгледување на овие дрва туку и заштита на шумскиот фонд. 

31.01.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега