"Веруваат ли научниците во Господ?" - ѕирнете во писмото на Ајнштајн

 

Девојче по име Филис му напишала писмо на Алберт Ајнштајн во 1936 година со надеж дека од него ќе добие одговор за прашањето дали се молат и научниците и во што веруваат.

Прашањето и одговорот се објавени во книгата Драг професоре Ајнштајн која стана вистински хит. Според книгата еве што одговорил славниот научник:

- Ќе се обидам да одговорам едноставно, ова е мојот одговор: Научниците веруваат во секоја појава. Сепак, научник не може да биде наклонет на верувањето дека на сите настани може да се влијае со молитва. Сепак, морам да признаам дека нашето знаење за сите тие сили е недоволно и незавршено. Секој кој се бави со наука верува дека некаква врста на дух се манифестира во законите на вселената и дека некој е посупериорен од човекот.

Ова писмо не открива многу за ставот на Ајнштајн за религијата, но докажува колку научниците се посветени на работата.

31.01.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега