Почина Даниел од кочанско - Браќата се закануваат: се ќе запалиме

 

Почина 26 годишниот Даниел Костов од с. Спанчево, кој пред три дена беше удрен со метална клешта од негов соселанец, четириесет годишниот Г.Н. Причина за нападот била банална расправија. Според очевидци, напаѓачот со себе носел клешта за поправка на водоводни цевки „ролцангла„ со која најнапред го удира во поределот на грбот.

-Он е удрен од позади, офнал и токму кога сакал да побегне, го удрил по глава при што овој веднаш се свлекол(паднал)- изјави Благојчо Костов, брат на Даниел

Откако увидел што сторил, Г.Н. самиот го транспортирал во итната медицинска помош во Кочани, а од таму е пренесен во Клиничкиот центар во Скопјје, каде вчера попладне и подлегнал на повредите. Семејството Костови е револтирано зошто убиецот на Даниел сеуште не е во приведен.

-Со полициско возило дома го чуват, уште не е затворен, а брат ми е починат –изјави Благојчо  

-Тај што е го утепал треба да леже по затвори. Маж ми да гние, а тај да биде на слобода, тоа нема смисла- изјави Лозенка Костова, сопруга на Даниел

Таткото стравува дека состојбата може да ескалира, ако убиецот е на слобода до судскиот епилог.

-Ќе рипнат мојте деца, ќе идат, се ќе му запалат. Нејќеме со тие работи да се занимаваме, било што било, он да се притворе и нејќам да го гледам тука во селото.- изјави Стојан Костов, татко на Даниел

Таткото растел како сирак и најтешко му паѓа што сега и неговиот т годишен внук го снајде истата судбина.

-Јас сум сирак и оно сирак да биде- изјави Стојан Костов

Телото на Даниел е предано на обдукција, а истражителите велат дека интензивно работат на расчистување на случајот.

30.01.2014 - 22:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега