Минатата година само 12 дечиња имале храброст да пријават семејно насилство

 

Извршниот директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши Драги Змијанац, денеска на прес-конференција информираше дека кај децата се уште владее осаменост, отуѓеност, агресија, страв и недоверба, и во однос на семејството, најблиските и институциите кога децата се жртви на насилство, злоставување или злоупотреба.

- Многу често детето се враќа во семејството таму каде што го трпи насилството и повторно тоа се повторува, додаде Змијанац.

Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот за деца и млади во Првата детска амбасада во светот Меѓаши информира дека минатата година се регистрирани 279 контакти.

- Минатата година, деца потенцијални жртви биле 408. Најголемиот број од јавувачите се од женски пол, а само 12 деца имале храброст да пријават насилство или прекршување на некое нивно право, рече Зенговска и додаде оти генерално децата се плашат да пријават насилство.

Во текот на 2013 година, најголем број од децата потенцијални жртви или 79 живеат на работ на егзистенцијата, во субстандардни услови. 37 деца имаат проблем со домување, а 62 деца биле изложени на семејно насилство.

- Лани двајца мажи дошле и пријавиле семејно насилство од страна на нивните поранешни или сегашни сопруги врз нив и врз децата, рече Зенговска.

Според информациите од Меѓаши, најголем број од јавувачите се од македонска етничка припадност или 53, 37 се Роми, 13 Албанци.

30.01.2014 - 12:46
Фото: 
факултети

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега