Актуелизирана идејата за изградба на скијачки центар на Галичица
Гадоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска истакна дека се актуелизира темата за изградба на скијачки центар на планината Галичица.
Центарот би имал 15 километри скијачки патеки, би се наоѓал на атрактивна локација на Галичица, а до центарот би се стигнувало со жичарница со гондоли што би поаѓала некаде во близина на автокампот „Градиште“. Веќе е формиран тим што би работел на промоција на скијачкиот центар, како и тело што би ја следело реализација на проектот.
- Физибилити студијата покажа дека е изводливо да се изгради скијачки центар на Галичица. Беа посочени неколку локации за изградба на скијачки патеки од кои се избра една. Потоа се пристапи кон изработка на мастер-план што го изработува истата канадска фирма која согласно договорот истиот мора да го заврши до крајот на месец април годинава, рече Бакрачески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа