Венизелос: Грција има „умерена, креативна и одговорна позиција“ за спорот со името
Грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, денеска истакна дека ставот на Грција за прашањето за името не е прифатлив затоа што без сомнение другата страна нема намера искрено да учествува во дијалогот и не ги почитува меѓународното право и умерената, креативна и одговорна позиција на грчката страна.
Венизелос уште еднаш повтори дека „почитувајќи ги правилата на меѓународното право, Грција е подготвена да прифати сложено име за секаква употреба со географска одредница пред терминот Македонија“ со што ќе се направи разлика меѓу државата и истоимената грчка област, јавиМИА.
- Овој став го кажуваме на сите наши средби со генералниот секретар на Обединетите нации, на сите меѓународни форуми, и на нашите средби со специјалниот претставник Метју Нимиц. Овој став им е пренесен и директно на нашите соседи, истакна Венизелос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа