Вработен во Општина Охрид пријавил дека е болен за да си шета во странство
Кривични пријави за охриѓанецот Г.С., вработен во охридската локална самоуправа и лекарката К.С. вработена во локална ординација. Двајцата итреци ќе одговараат за лажно издавање и употреба на лекарско уверение.
Докторката, иако знаела дека Г.С. не се појавил на лекарски преглед, му издала уверение за боледување од 18. до 22. ноември 2013 година. Охриѓанецот го однел уверението кај својот претпоставен, но, наместо да лежи дома и да боледува како што пријавил, тој заминал на шетање во странство.
30.01.2014 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа