Барале злато ископале човечки коски - под истрага стариот манастир кај Лешок

 

Коски од човечки скелет биле пронајдени вчера во две поголеми дупки кои непознати сторители ги ископале во внатрешноста на стариот манастир „Свети Атанасиј“, лоциран покрај патот Лешок-Брезно.

- Сквернавењето на овој верски објект вчера го пријавил претставник на Црковниот одбор од Лешок по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид во рамки на кој местото е фотодокументирано, а коските се подигнати за натамошни анализи. Се преземаат активности за расчистување на тоа, кој, кога и зошто прекопувал и што барал во манастирот, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски за МИА.

Истрагата покажала дека пронајдените коски се стари повеќе стотини години. Ова не е прв пат местото на стариот манастир „Свети Атанасиј“ кај Лешок  да е мета на диви копачи кои бараат злато и други вредни предмети. 

29.01.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега