Светска Банка и додели 24 милиони долари на Македонија за развој на вештините и иновациите
Светска банка и додели на Македонија 24 милиони долари за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка.
Според информациите од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, проектот има за цел да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
- Подобрувње на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование, истакнува директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Татјана Проскурјакова.
Таа додава дека истовремено и регулаторното, институционалното и финансиското опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско-научни и технолошки средства.
Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.
Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
- Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот.
Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, стои во соопштението.
Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа