Фифи: Не сум травестит

 

Филип Јаневски, односно Фифи, кој/а се прослави со учеството во музичкото шоу Х-Фактор, но минатата недела го напушти шоуто, го имал/а првиот настап во еден белградски клуб. Ги забавувал/а гостите до доцна во ноќта, а тие и/му честитале за учеството во Х-фактор и биле воодушевени од нејзиниот/неговиот глас.

"Настапив за прв пат откако го напуштив шоуто, се надевам дека кога ќе снимам песна и спот на српски ќе имам повеќе настапи. Им благодарам на сите што убаво ме прифатија тука, бидејќи знам дека на луѓето тука се уште мојата појава им е чудна, но се борам и нема да престанам. Ќе ви вратам со добра музика", рекла/рекол Фифи, кој/а полека почнува да тезгари по клубовите во српската престолнина.

Освен што настапува, наоѓа време и да ги едуцира Фејсбук фановите и пријателите, објаснувајќи им ја својата сексуалност. Па појаснил/а: "Да разликуваме. Има разлика помеѓу травестит и транссексуалност. Јас сум транссексуалка", напишал/а Фифи на Фејсбук.

28.01.2014 - 23:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега