Се искршија два Голфа, тетовчанец прегази пешак - осум повредени во две сообраќајки во Тетово
Две страотни сообраќајни несреќи синоќа го потресоа Тетово. Како што јавува МИА, во двете сообраќајки се повредени вкупно осум лица.
Според податоците, првата несреќа се случила околу 21 часот на локалниот пат Тетово-Требош, кога се судриле два автомобили „Голф“, едниот со странски таблици управуван од 35-годишниот тетовчанец А.Ф. и другиот со скопски регистарски ознаки, со кој управувал 32-годишниот Б.А. од Тетово. Во несреќата со повреди се здобиле седум лица, од кои шест се задржани во болница, а еден е пуштен на домашно лекување, јави МИА.
Претходно, истата вечер дошло до уште една несреќа кога 60-годишниот А.Ј. управувајќи со своето Фиат Пунто, ја прегазил 53-годишната сограѓанка Ј.Т. која невнимателно поминувала на коловозот. За среќа, жената поминала со полесни повреди и веќе е пуштена дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа