Украдени 1.000 литри нафта за греење од училиште во тетовско
Уште едно училиште деновиве стана мета на крадци. Според податоците, од резервоарот на основното училиште „Сами Фрашери“ во тетовски Пирок биле украдени 1.000 литри нафта за греење, во текот на викендот.
Сторителите најпрво го отстраниле катинарот кој бил поставен на металниот синџир од бетонскиот капак на резервоарот за нафта по што го тргнале капакот и највероајтно со црево извлекле околу 1.000 литри нафта за греење, а потоа капакот го вратиле назад на истото место како и синџирот и катинарот. Незабележани од никого тие го напуштиле училишниот двор каде се наоѓал резервоарот .
На овој начин крадците успеале да направат штета од 59 илјади денари.
Полицијата работи на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа