Тинејџерка со ретка болест- изгледам како старица а имам само 16 години

 

Зари Харистон која има само 16 години страда од липодистрофија, што е  ретка болест при која кожата е еластична и делува набрано, а масното ткиво под кожата се распаѓа а кожата продолжува да расте.

На Зари и паѓаат забите, а поради брчките на лицето прима инекции. Таа не е средовечна жена туку е само тинејџерка која има сериозен проблем, изгледа како да е многу постара од своите врснички.

Иако имала голема поддршка од домашните кои ја охрабрувале сепак таа морала да се соочи со незгодните коментари на нејзините врсници кои ја нарекувале бабичка и неколку пати ја имаат претепано поради нејзиниот изглед.

Неколкупати Зари била отфрлена од автобусот бидејќи не можела да докаже дека има право на лична карта, кога се запишала во училиште сите мислеле дека е професорка.

Поради сите овие непријатни случки Зари одлучила да го сподели своето лошо животно искуство со јавноста и нејзината приказна ја раскажала за магазинот „The People“, меслејќи дека само на тој начин ќе може да влијае врз лицата кои се болни од оваа или слична болест а имаат комплекси.

“Понекогаш знам да збеснам но правам се што секој мој врсник прави и се обидувам да го игнорирам мојот проблем” вели Зари.

“Не можам да добијам карта за деца во кино, а кога ја носам училишната униформа лиѓето мислат дека таков ми е стилот. Да се живее со оваа болест воопшто не е лесно, во основното училиште децата  беа многу груби со мене тие физички ме напаѓаа и ме навредуваа со најразлични понижувачки зборови. Поради тоа мајка ми ме отпиша од тоа училиште. Дури кога се запишав во средно најдов група пријатели на кои не им беше важен мојот изглед туку тоа каква личност сум јас и колку добар пријател можам да бидам”вели Зари.

Зари во 2010 година отишла во Јапонија за да прими инекции со кои на почетокот успеала да ги скрие брчките на лицето но набргу имплантот откажал.

"Бев многу среќна кога успеав да го променам својот изглед но кога набргу се вратив на старото многу се разочарав. Во иднина сакам да одам на затегнување на кожата и конечно да го променам мојот изглед"вели Зари.

 

 

 

 

28.01.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега