На жирафата Орка и бил скршен рбетот?
Жирафата Орка починала откако и бил скршен ќрбетот. Здружението за заштита на животни, Анима Мунди во допис до медиумите се сомнева дека Орка не починала од срцева мана, туку од невнимание.
„Здружението Анима Мунди е исклучително загрижено од неофицијалните информации кои доаѓаат од граѓани инаши активисти дека смртта на жирафата Орка во скопската зоолошка градина не е причинета од вродена срцева мана, туку од невимание на вработените. Според непотврдените информации жирафата била оставенеа без надзор со другите жирафи кои веќе се донесени во скопската зоолошка градина и кои и го скршиле рбетниот столб. Особено не загрижуваат информациите дека животното се мачело 20-тина часови пред да угине.“ - стои во писменото соопштение на Анима Мунди.
Од скопската Зоолошка градина рекоа дека ќе се испитува смртта на жирафата по што најавија дека ќе излезат со конечни и официјални информации
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа