Љупчо Палевски: И Шеќеринска и Савова се незрели личности

Некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и некогаш близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. За многумина контрверзниот, Љупчо Палевски – Палчо, во интервју за Прес24, ги анализира состојбите во партијата во која не е активен од 2000-тата, по локалните избори. Како човек кој одлично ја познава партиската структура, од денешна дистанца вели дека СДСМ е партија без идеи, без конкретни решенија, партија која додека не се извини за грешките и поразителните политики на Црвенковски, нема да успее да дојде на власт.

- СДСМ во моментов нема политика. Тоа значи дека нема ниту едено конкретно решение за состојбите. Плукањето на власта е добра работа , но само во случај кога има алтернатива. Вака излегува дека денешното раководство е преокупирано во држење на своите партиски фукнции и чекање Груевски да паднел од власт за тогаш тие да биле власт, вели Љупчо Палевски за Прес24.

Палевски, кој денеска е далеку од политиката и кој за себе вели дека е неталентиран за политика, тврди дека СДСМ нема лидер. Заев е времено на функција претседател, а во суштина Црвенковски вледее.

- Доколку не владее Црвенковски тогаш треба да се направи следното.  СДСМ треба да се извини за неправедната и хаотична приватизација на сите 2 милиони граѓани, затоа што неколку поранешни функционери на чело со Црвенковски ја спроведоа за енормно количество на кеш. Правдата е најтешко и силно политичко оружје, но треба да имаш храброст да ја употребуваш. Тоа е дистанца, кога ќе се извиниме за ќотекот врз Албанците во Гостивар за истакнување на знаме, а денес Албанците се уставотворен народ. Тоа е стратегијата и малоумноста на Црвенковски, ги тепа Албанците заради знаме пред општина Гостивар, а потоа потпишува Рамковен договор. Е така неможе, така не се води држава и партија. СДСМ треба многу работи да направи пред воопшто да продолжи со политика, вели во интервјуто за Прес24, екс првиот човек на скопските социјалдемократи.

Судиорот Савова-раководство на партијата, според него е судир на две нерели и лоши политичари, како Савова и Шекеринска, во кој Заев е колатерална шетета.

-Савова и Шекеринска се незрели личности и лоши политичари. Кариерите ги изградија на канцалариски удварања оговарања и послушност. Нови идеи и идеолошки концепти  нема и нема ни да има во блиска иднина од Шекеринска и Савова,  Заев бизнисменот  е времено лидер и политичар, анализра, Палчо во интервјуто за Прес24.

Тој не верува во отворен судир и поделби во СДСМ, ниту пак очекува во СДСМ да се случи тоа што и се случи на ВМРО-ДПМНЕ на релација Груевски и Георгиевски.

-Поделбата на ДПМНЕ е поделба помеѓу амбициозниот млад Груевски и стариот искомпромитиран Георгиевски. Денес во СДСМ кој од Црвенковски ќе се дели, Заев??? Нема два авторитети за истите да ја поделат партијата, единствено да се поделат на женски машки околу Заев и Радмила, вели Палевски за Прес24.

Неговите проценки се дека кој и да биде претседателски кандидат на СДСМ, ќе ги загуби изборите, бидејќи едноставно партијата нема идеја.

-Проблемот на опозицијата е, што се толку бедни што Груевски и со Александар и без него на плоштадот редовно ги мачка на избори. Тоа е мноозинството и јас ќе го почитувам иако сметам дека проектот  Скопје 2014 е смешка жива, естетско промасување и по количина и по квалитет, вели Љупчо Палевски – Палчо, екс висок функционер на СДСМ во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Изјавата на Наташа Савова, а потоа и реакцијата на партискиот портпарол, но и на лидерот на Партијата, Зоран Заев кои излегоа во јавноста, предизвика внимание бидејќи се едни од  ретките изјави кои зборуваа за состојбите во партијата. Дали оваа меѓу партиска јавна преписка може да да се толкува како ескалација на состојбите во партијата?

ПАЛЕВСКИ: Ескалација е претежок збор, сериозен, во овој случај се работи за нетрпеливост помеѓу Шекеринска и Савова, во која Заев е колатерала. Се работи за нивните детски полтронски денови во кои се натпреваруваа кој е поголем преторијанец на Црвенковски и тоа се уште трае. Савова и Шекеринска се незрели личности и лоши политичари. Кариерите ги изградија на канцалариски удварања оговарања и послушност. Нови идеи и идеолошки концепти  нема и нема ни да има во блиска иднина од Шекеринска и Савова,  Заев бизнисменот  е времено лидер и политичар.

ПРЕС24: Пратиката во македонската политиката покажува дека ваквите јавни конфронтации речиси без исклучок завршуваат со поделби и исклучувања, без разлика дали е тоа СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ или пак некој помал политички субјект. Дали може да се очекува исклучување на Савова од партијата?

ПАЛЕВСКИ:И да ја исклучат Савова од партијата, СДСМ ништо не добива. Партии кои исклучуваат и вклучуваат членови не се партии. Тоа е болшевизам и примитивизам наследен од Црвенковски и комунизмот. Конкретно, дури ниту јас не знам дали сум исклучен или не сум и не ми е важно, со ова раководство и политика не сакам да губам време.

ПРЕС24:Веќе подолго време не сте дел од активниот партиски живот на СДСМ, но сепак имате свои ставови. Како ја оценувате актуелната политика на опозициската СДСМ?

ПАЛЕВСКИ:СДСМ во моментов нема политика. Тоа значи дека нема ниту едено конкретно решение за состојбите. Плукањето на власта е добра работа , но само во случај кога има алтернатива. Вака излегува дека денешното раководство е преокупирано во држење на своите партиски фукнции и чекање Груевски да паднел од власт за тогаш тие да биле власт. Затоа не им требаат идеи, концепти и партиски активитет, затоа што Црвенковски така ги створи, така ги научи. После 15 септември 2002 година сите до последен од ова раководство, вклучително и Савова станаа функционери и пратеници, пред тоа беа никој и ништо.

ПРЕС24: Многумина политички аналитичари велат дека едниствената виза за успех на СДСМ и на новото раководство е комплетно расчистување со структурите на Црвенковски во партијата, притоа поткрепувајќи го тоа со искуството на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, ако Груевски не расчистеше со Георгиевски, веројатно ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе беше опозиција?

ПАЛЕВСКИ:Не се согласувам, Груевски тогаш, а денес многу повеќе, покажува огромна желба за власт. Токму затоа и толку многу работат и се борат да ја задржат власта. И ја држат. СДСМ со своето денешно раководство е среќен што е опозиција. Група полтрони кои меѓусебно се кошкаат кога не ги гледа нивниот ментор  Црвенковски и да сакаш не можеш да ги поделиш. Во СДСМ нема да има делба затоа што нема што да се дели.

ПРЕС24: Мислите ли дека СДСМ ќе ја доживее судбината на ВМРО-ДПМНЕ. Дали популарната “Панорама”, може да изродни СДСМ-Народна?

ПАЛЕВСКИ:Не не, поделбата на ДПМНЕ е поделба помеѓу амбициозниот млад Груевски и стариот искомпромитиран Георгиевски. Денес во СДСМ кој од Црвенковски ќе се дели, Заев??? Нема два авторитети за истите да ја поделат партијата, единствено да се поделат на женски машки околу Заев и Радмила.

ПРЕС24: Во кој правец, според Вас, Зоран Заев ја води СДСМ? Кон победа или кон згаснување?

ПАЛЕВСКИ:Заев не води, води Радмила, тоест Црвенковски во женска форма. Заев е пресреќен што воопшто станал лидер на СДСМ, тоа него му донесе статус во државата, во општеството, од френки и чушки и понекој ГЛОБАЛ, сега Зеав оди во Брисел и добива дипломатска процедура. Тоа него му е доволно, ќе чека Црвенковски да воскресне во било која форма.

ПРЕС24: Кој всушност е лидер на СДСМ? Заев или Шекеринска?

ПАЛЕВСКИ:Ниту едниот ниту другиот. СДСМ нема лидер, да имаше ќе имаше и политика, јасни ставови и борба. Тоа е основниот проблем, криза на лидери. Замислете да не е Груевски, што ќе се случува со оваа млада и гломазна структура, хаоссс, нуту Мијалков пута 10 ќе може се да исконтролира доколку нема лидер. Тоа е основниот проблем на СДСМ, политички недораснати сираци.

ПРЕС24: Ако ги прашате политичките аналитичари блиски до власта, тие ќе ви одговорат дека судирот Савова-Шилегов, всушност е исцениран настан во СДСМ пред изборите со цел новото раководство да покаже каква-таква дистанца од Црвенковски. Има ли логика во тезата дека Црвенковски владее со СДСМ од сенка?

ПАЛЕВСКИ:Не е теза, тоа е политчка стварност. Доколку не владее Црвенковски тогаш треба да се направи следното.  СДСМ треба да се извини за неправедната и хаотична приватизација на сите 2 милиони граѓани, затоа што неколку поранешни функционери на чело со Црвенковски ја спроведоа за енормно количество на кеш. Правдата е најтешко и силно политичко оружје, но треба да имаш храброст да ја употребуваш. Тоа е дистанца, кога ќе се извиниме за ќотекот врз Албанците во Гостивар за истакнување на знаме, а денес Албанците се уставотворен народ. Тоа е стратегијата и малоумноста на Црвенковски, ги тепа Албанците заради знаме пред општина Гостивар, а потоа потпишува Рамковен договор. Е така неможе, така не се води држава и партија. СДСМ треба многу работи да направи пред воопшто да продолжи со политика.

ПРЕС24: Ако се анализира времето поминато на власт на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и на СДСМ во опозиција и рејтинзите, личните на лидерите, но и партиските, тогаш не е ли малку нелогично, малку чудно што и седум години подоцна власта има двојно повисок рејтинг од опоцизијата?

ПАЛЕВСКИ:Власта работи и кретенската опозиција и помага да остане на власт, многу е едноставно. Груевски велемајсторски ја сработи СДСМ, ја процени прљавштијата и алчноста на Црвенковски и одлично ја употреби. Затоа Груевски владее, упорен е, има амбиција и енергија и владе. Лошо или добро, тоа сме ние, каков народ таква власт и треба да се престане со кукање и плачење.

ПРЕС24: Не зборува ли тоа за немањето идеја, немањето концепт во СДСМ како да се победи ВМРО-ДПМНЕ. Не е ли време за сериозна внатрепартиска анализа каде се греши?

ПАЛЕВСКИ:Да ама кој тоа ќе го направи. Политичка група, партија што и да е, пред се треба да има идеја и човечки ресуртси, дури потоа доѓаат парите и интересите. Во СДСМ нема ништо од тоа.

ПРЕС24: Не мислите ли дека упорното форсирање на тезата за демократијата е веќе излитена? Таа очигледно не поминува кај гласачите?

ПАЛЕВСКИ:Да, затоа владее Грувски, нема политички противник.

ПРЕС24: Многумина, а особено опозицијата и Скопје 2014 и редица други градежни проекти ги оценува како непродуктивни, кич или пак како евентуален криминал. Но сепак, тие градежни проекти ја одржуваат македонската економија. Кој е Вашиот став за тоа?

ПАЛЕВСКИ:   Нема врска проектот со македонската економија. Не се тоа проекти за движење на економија, тоа е делумно раздвижување на Гранит , Бетон и неколку приватни фирми. Но, Скопје 2014 година е супер проект, тоа е еден вид систематски преглед на општеството, на свеста на граѓаните. Скопје 2014 е лицето на нашето општество, збунето, кич, пластично, смешно, неумесно. Проектот сме сите ние. Што правеше СДСМ 20 години за да го дефинира, бетонира словенскиот идентитет на Македонците?  Ништо, ништо не направи, а сега врескаат.

Што направивме за нашиот јазик, за мојата фондација за македонски јазик “Небрегово” која Црвенковски на криминален начин ми ја украде? Ништо, ништо не направивме!  Сосема е легитимно малку поголема група луѓе да веруваат дека се антички Македонци, а ако кон таа група се приклучи и Премиерот легитимитетот добива на тежина. Проблемот на опозицијата е, што се толку бедени што Груевски и со Александар и без него на плоштадот редовно ги мачка на избори. Тоа е мноозинството и јас ќе го почитувам иако сметам дека проектот е смешка жива, естетско промасување и по количина и по квалитет.

Еве еден пример.  Што требаше да се направи со Скопје 2014 година?  РМ требаше да распише меѓународен тендер на кој ќе се избереа најдобрите авторитети во Европа да ни ја обликуваат нашата историја, античка или словенска сеедно. Скопје ја пропушти шансата да биде трајна поставка на најголемите светски уметници, а немаше да потрошиме ниту денар повеќе. Но, за жал и интелектуалната елита во нашето опстество е корумпирана и промискуитетна за да може да го побара ова што јас како пример го посочувам.

ПРЕС24: Како го оценувате владеењето на актуелната власт?

ПАЛЕВСКИ:Еден куп добри работи, рамни даноци, многу либерализација во бизнис процедурата на оваа држава. Но, надворешната политика, судство, земјоделие.. многу грешки многу афери, многу министерски оставки.

ПРЕС24: Кој според Вас би бил претседателски кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори?

ПАЛЕВСКИ:Појма немам, кој и да биде има сериозни шанси да загуби.

ПРЕС24: ДУИ ја заговара тезата за консензуален претседател? Колку тоа е можно?

ПАЛЕВСКИ:  Керим на пример.

ПРЕС24: Дали консензуалниот претседател би значел излегување надвор од рамковниот договор и воведување на долгобаранаат консензуална демократија, а со тоа и напуштање на унитарниот карактер на државата?

ПАЛЕВСКИ:Не за тоа требаат уставни промени, но доколку мнозинствотот прифати такви уставни промени и тоа е можно.

ПРЕС24: Долги години не сте во политиката. Се имале каков било контакт со раковдството на СДСМ, сегашното и претходното на Црвенковски?

ПАЛЕВСКИ:Не! мене веќе политиката не ме интересира, СДСМ е машина која не е за ремонтирање. Треба да се сруши и стаклениот дел од зградата на СДСМ, кој е подарок од Смиленски, па потоа дератизација од Црвенковски, па дури потоа не знам, би размислил.

Не сум талентиран за политика многу грешки направив.

ПРЕС24: Што мислите за партиите како ГРОМ, Позитивна Алијанса, кои произлегоа од СДСМ?

ПАЛЕВСКИ:Замајување на јавност и страшлив обид за бесплатно рушење на Црвенковски. Удварачи на Груевски во форма на партии.

ПРЕС24: Планирате политичко активирање или?

 

ПАЛЕВСКИ:Не, повторувам, не ме бива за политика.

27.01.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега