Поднесе оставка српскиот министер за економија

 

Поднесе оставка српскиот министер за економија Саша Радуловиќ. Како причина заоставката се наведува непостоењето на политичка волја за спроведување на реформи.

Министерот  во претходните денови изјави дека ако веднаш не бидат усвоени системските закони, посебно законот за приватизација и стечај, тоа е сигурен знак за откажување од реформите и поради тоа ќе бидат распишани избори.

Исто така посочил  дека ако реформите не се спроведат, нема зошто  да остане во Владата.

27.01.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега