Грција: 30 земјотреси за само една ноќ

Во последните 12 часа во Грција биле регистрирани 30 земјотреси, покажуваат податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Најсилниот  земјотрес  бил со јачина од 5,3 степени, а се случил во 20.45 часот по локално време, на 27 километри северозападно од градот Аргостоли и на 305 километри западно од главниот град Атина.

Останатите потреси се забележани приближно во истата област и биле со интензитет меѓу 3,2 и 4,7 степени по Рихтер.

Вчера попладне, во 15.55 часот, грчкиот остров во Јонското Море, Кефалонија беше потресен од земјотрес со интензитет од 5,8 степени. Се’ уште нема податоци за настрадани лица, иако потресот уништил делови од патната мрежа и нанел штета на неколку стари згради.

Не е прогласена опасност од појава на цунами. Земјотресот беил почувствуван во цела Западна Грција.

 Како што соопштила полицијата во Атина,  нанесени се штети на осум куќи и уште неколку селски објекти, но нема повредени.

27.01.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега