Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе имаат заеедничка средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон, со што ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Дачиќ претходно најави дека за време на овој круг од разговорите ќе стане збор за отворените прашања, поврзани со правосудството и формирањето на Сојуз на српски општини.
Денешната средба ќе биде прва рунда од разговорите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина годинава, а 21 од почетокот на дијалогот.
Кетрин Ештон попладнево прво ќе има одвоени средби со Дачиќ и Тачи, а потоа разговорите ќе продолжат на работната вечера во нејзиниот кабинет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа