Преку интернет оглас се продава бугарското село Черно поле

Преку оглас објавен на Интернет се продава Бугарското село Черно поле, кое се наоѓа во близина на границата со Србија.

Засега се уште не е објавена цената туку е оставена за договор.

Извесен Иван Смарданов кој се јавува како продавач објаснил дека огласот важи само за сериозни купувачи и дека за цената ќе разговара откако заинтересираниот ќе го разгледа селото.

„Селото е многу убаво и многу големо. Составено е од три населби и има огромно земјиште...“, напишал Смарданов во понудата во која биле објавени неколку фотографии од селото, но не и детали за сопственоста, имотот, правните услови и причините за продажба на селото.

Огласот за продажба засега предизвикал голем интерес на Интернет  и за само еден ден бил прочитан 5.000 пати.

26.01.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега