Вучиќ ќе бара предвремени избори во Србија
Александар Вучиќ, лидерот на десноцентристичката Српска напредна партија, која воедно е најголемата партија во владеачката коалиција во земјата, денеска изјави дека ќе побара предвремени парламентарни избори.
Вучиќ изјави дека на утрешната средба на раководството на Српската напредна партија ќе предложи „да се провери волјата на народот“.
Претседателот на српскиот парламент Небојша Стефановиќ, кој е заменик претседателот на партијата, денеска изјави дека очекува раководството на Српската напредна партија со убедливо мнозинство да ја поддржи идејата на лидерот на партијата да се оди на предвремени парламентарни избори и дека партијата ќе предложи изборите да се оддржат на 16 март, заедно со изборите за Белград и уште неколку други српски општини.
Стефановиќ истакна дека сите опозициски партии сакаат избори и изборите се добар начин да се провери што мисли народот за политиката на Александар Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа