Пожар ги пеплоса сликите на познатиот македонски уметник
Пожар проголта 120 слики насликани од раката на уметникот и пензиониран професор од Педагошкиот факултет, Данчо Ордев, објавува Канал 5.
Според информациите на полицијата, пожарот кој избувнал во викендичката на Ордев во Сопиште, пеплосал значаен дел од творештвото на уметникот.
Сеуште не е познато како настанал пожарот во викендичката, каде било сместено и атељето на уметникот. Ниту куќата ниту вредните слики не биле осигурани. Ордев го средил ова место по свој вкус и вели дека емотивно е врзан бидејки тука се инспирирал творел и се релаксирал. Иако претрпел непроценлива загуба, вели дека нема да се откаже од сликањето и од своето атеље.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа