Ошлис: Германија и ЕУ не и мислат добро на Македонија
Германија и членките на ЕУ и НАТО немаат искрени намери кон евроатланската интеграција на Република Македонија, бидејќи и покрај постоењето на Пресудата од Хаг во корист на Скопје, тие инсистираат на решавање на неоснованиот спор за името, вели германскиот професор и Балканолог Волф Ошлис во интервју за „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
- Германија и сите членки на ЕУ и НАТО непречено го поддржуваат фактот дека Македонија „мора да биде во ЕУ“, дека „вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија„ и т.н. Тоа се само глупави и нечесни фрази, пред се, од Германија, која нема искрени намери во однос на Македонија, и ако ги има тие се само пусти желби, вели Ошлис.
Тој потсетува на изјава на Меркел која зборува за намерите на Германија.
-...Канцеларката Меркел, веќе пред неколку години изјави дека уште Хрватска ќе влезе во ЕУ, потоа вратите на Унијата ќе бидат затворени, за една долга, долга „пауза“. Економската руина Хрватска со своите 50 милијарди евра долгови кон странство од ланскиот јули стана членка на ЕУ. Истата Ангела Меркел има антипатија кон Mакедонија и Србија, а таа антипатија ја прави беспомошна Европската унија, вели германскиот професор.
Според него, „Ангела Меркел, воопшто не вложува напор да ја скрие својата антипатија“. ТОј потсетува дека во 2012 година Берлин го посети македонска политичка делегација, која имаше средба со германската канцеларка. Таа, вели, им го честита успехот пред Хашкиот суд на правдата во таканаречениот спор околу името и во истиот здив изјави:„А сега вие морате да го завршите спорот околу името“.
- За Грција тоа беше еден сигнал дека документот - Пресудата од Хаг, за Германија „ништо“ не значи и дека со благослов на германската канцеларка можат да го продолжат својот агресивен курс против Македонија, додава аналитичарот Ошлис.
Според него, со лекциите научени од кризата, Грција може да донесе специјална чувствителност за многу прашања, а членките на ЕУ, со Меркел и Германија на чело тоа го поднесуваат со „речиси мазохистичко задоволство“. Тој оценува дека наспроти политичката и финансиска поддршка на Грција, угледот на таа земја меѓу европejците е нарушен, а општиот прекар на Грците кај Германците е „банкротирани Грци“. Оваа контрадикција помеѓу политиката и општото мнение, вели, ќе расте со секоја милијарда, која Грција ја бара и ја добива од Брисел. - До кога? Сигурно вечно не..!, и тоа може да биде шанса за Македонија дека еднаш засекогаш партнерите во ЕУ го губат трпението со грчката ароганција, оценува германскиот експерт.
На прашањето дали е можно на одбележувањето на 100-тата годишнина од Првата светска војна, ЕУ конечно да ги исправи грешките и гревовите кон балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, германскиот аналитичар со одговор:„Прашањево ме потсетува на една карневалска демонстрација пред 20 или повеќе години: „Ние сме за Германија во границите на 1135 година- Венеција останува германска!“
- Пред 100 години 1912/13 биле започнати „Балкански војни“, Првата наводно како „ослободителна борба„ на Македонците и за нив, во која земале учество и скоро 20.000 Македонци. Кутри будали пред почетокот на војната, Османлиската империја, која веќе била пред распаѓање, предлага Македонија да биде самостојна држава, но, Србија Бугарија и Грција го одбиваат тој предлог со образложение дека е доцна за тоа. Всушност, не беше доцна за Македонија, беше доцна за нив, зошто тие веќе беа договорени да ја поделат меѓу себе. Токму тоа се случува на 10 август 1913 - „Букурешкиот мировен договор, според кој, територијата на Македонија од 68.451 метри квадратни е поделена помеѓу Грција која добива 34.411 километри квадратни или 50.3%, Србија 26.440 километри квадратни или 38.6 %, Бугарија 6.798 км квадратни 9.9 % и Албанија 802 км квадратни, односно 0,2%, појаснува Ошлис.
Според него, овој најлош и најнеправеден резултат од сите можни, го претчуствуваше и Јане Сандански кога рекол: „За Македонија би било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат..“
Всушност, вели, тогашната поделба на Македонија постои до денешниот ден и грчките ограбувачи на македонската земја од 40 или повеќе години ги фалсификуваат фактите. Грција тврди дека користењето на името „Република Македонија“, како што Македонија се нарекува со својот Устав, не само што го нарушува грчкото историско и културно право на името, туку подразбира сопственост на провинција во северниот дел на Грција, исто така наречена Македонија.
- Со тоа Грците можат да продолжуваат колку сакаат - кој ги сваќа сериозно грчките фалбаџии? Тие немаат ни култура ни идентитет - рекол веќе пред 170 години германскиот Балканолог Јакоб Фалмерајер. Нивното „еленистичко потекло е само една бајка“, во жилите на населението на денешна Грција не тече ниту капка еленистичка крв“. Дали може една ваква толпа да ги навредува Македонците? Вистинската неправда против Македонците е дека Атина засега вака продолжува, со дозвола и благослов на ЕУ. Против толкава глупост Македонија нема шанси...изјави проф.д-р Волф Ошлис за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа