Жељко Самарџиќ: Даниел Кајмакоски е 10 нијанси подобар од другите
Жељко Самарџиќ на прашањето од Телеграф.мк дали и покрај многубројните обврски има време да го следи популарното музичко шоу „Х-Фактор”,изјави веќе има свој фаворит, без разлика што веќе не се натпреварува во шоуто.
- Даниел Кајмакоски е одличен, можеби десет нијанси подобар од сите други, но по мој вкус, Фифи пее најдобро. Тој е феномен, бидејќи во него има и маж и жена, неговиот дисбаланс во гласот му дава многу вешто да владее со неговиот вокал – изјави Жељко за телеграф.мк, кој за Кајмакоски додаде дека тој е веќе формиран пејач, но дека најважно е што ќе се случи со него кога сето тоа ќе заврши, односно дали ќе му дадат да отпее добра песна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа