Белград: Околу 3.000 демонстранти протестираат против владините антикризни мерки
Околу 3.000 демонстранти денеска протестираа во централниот дел на Белград против предлог-законите, за кои српската Влада тврди дека се клучни за економската реформа во земјата, но ќе предизвикаат и дополнителни отпуштања од работници.
Демонстрантите упатија барање до министерот за економија Саша Радуловиќ да поднесе оставка и новите предлог-закони за труд, банкрот и приватизација да бидат повлечени.
Министерот Радуловиќ тврди дека законите се неопходни, со цел да се „рестартира“ српската економија, која е уништена „од војните, лошото управување со земјата и корупцијата“.
Експертите нагласуваат дека државните загубари се тежок товар за српската економија и дека мора де се преземат мерки за решавање на проблемот со нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа