Македонскиот „Фејмс“ ја сними музиката за гинисовиот огномет во Дубаи
Симфониското дело специјално напишано за огнометот во Дубаи по повод новогодишната свеченост, снимено е од Македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“.
120 македонски музичари се дел од „Фејмс“, зад кој стои француската продукциска компанија „Маседониан мјузик & ентертејнмент“.Компзиторот на ова музичко дело е Мет Феди, а аранжманот на македонскиот музички уметник Емин Џијан.
За оваа цел беше снимен и краток филм кој ја раскажува приказната за подготовките за оваа новогодишна свеченост.
24.01.2014 - 15:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа