АХВ: Спречен нелегален транспорт на 17 телиња
Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните, соопшти АХВ.
„При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.
Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото“, стои во соопштението од АХВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа