Перковиќ екстрадиран во Германија
Јосип Перковиќ, поранешниот функционер на југословенската и хрватската тајна служба денеска е екстрадиран во Германија, која го товари за учество во убиството на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година, во близина на Минхен.
Хрватските медиуми соопштуваат дека Перковиќ околу 13 часот во придружба на германската полиција е внесен во авионот за Минхен и отпатувал со редовна линија на Луфханза
Во меѓувреме Уствниот суд на Хрватска ја одби жалбата на неговиот адвокат Анте Нобило, потврдувајќи ја одлуката која претходно ја донесоа Жупанискиот суд на Загреб и Врховниот суд на Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа