Сакал да си ја убие поранешната девојка - по грешка застрелал друга жена па се самоубил

 

Вистинска драма се одвивала синоќа во Босна. 29-годишниот Младен Д. "по грешка" убил Србинка, наместо својата девојка, која имал намера да ја убие.

Според податоците, трагедијата се случила изминатата ноќ околу три часот по полноќ кога момчето влегло во угостителски објект во местото Присое, каде работела неговата поранешна девојка. Наместо да ја убие неа, по грешка убил Србинка која преноќила во објектот. Откако Младен ја убил несреќната девојка посегнал и по сопствениот живот, пукајќи си во главата.

Според неофицијалните податоци, момчето ја застрелало 40-годишната Србинка Билјана П. која е мајка на две дечиња, а во моментот спиела во објектот. Причина за инцидентот е претходна расправија со неговата девојка, која и тргнал да ја убие со ловечка пушка.

Полицијата врши увид.

24.01.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега