По 16 години крај за МекДонладс во Македонија

 

Мекдоналд Европа го прекинал договорот за франшиза со македонската компанија СЈ Компани. Според информациите кои ги објави Дневник. Од вчера македонската компанија веќе нема право да работи под брендот на МекДоналдс. Информацијата за весникот ја повтрдиле од централата на Мекдоналдс Европа

- По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналд“ - вели за Дневник Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналд Европа“ и додава дека компанијата која до сега ја имаше лиценцата, сега ќе може да ги работи рестораните, но под некој друг бренд. Ова значи дека престануваат со работа сите 7 ресторани на Мекдоналдс во земјава. За сега нема информации, дали некоја друга компанија би можела да го превземе бизнисот и кои се причините за прекинувањето нафраншизата

По 16 години од отворањето на првиот ресторан, Македонија остана без еден од најпопуларните синџири за брза храна.

 

најчитано сега