Хрватска: Додека полнел бензин во моторната пила, запалил цигара и добил тешки изгореници

 

Несреќниот настан се случил во населбата Градиновац, каде што педесет и седумгодишен човек додеја ја полнел со гориво својата моторна пила, запалил цигара. Од невнимание целиот се полил со бензин по облеката. Ја оставил моторната пила и запалил цигара. Откако почнал да гори, на помош веднаш пристигнал неговиот син, кој што му ја соблекол маицата и веднаш го изгаснал огнот. Човекот бил префрлен во болница во Чаковац, каде што му биле утврдени изгореници на главата, телото и рацете. Потоа бил префрлен во загребската клиника за трауматологија.

најчитано сега