Пратениците конечно ги изгласаа измените во Законот за медиуми

Со 55 гласа „за“ и осум „против“, како и 11 гласа „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници, македонското Собрание го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во скратена постапка.

Со воведените измени, од Законот се изземаат електронските публикации, односно инт ернет порталите. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе има административен надзор врз печатените медиуми и тоа врз одредбите за импресум, за јавност при работењето и за заштита на малолетни лица од порнографски содржини.

Измените предвидуваат секое ограничување на содржините во медиумите да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Отсега, во Советот на Агенцијата за медиуми ќе има два члена од новинарските здруженија МАН и ЗНМ.

Претходно, носењето на Законот за медиуми донесе бура недоразбирања меѓу медиумските организации, но и меѓу пратениците.

 

23.01.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега