Пратеник на СДСМ со пиштол

Пратеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ поседува пиштол марка Глок ФЛД 771, стои во неговиот лист кој може да се провери на сајтот на Комисијата за спречување на корупцијата. Дали Станковиќ е само љубител на огнено оружје или пиштолот го поседува од некои други причини нема информации.
Покрај оружјето, Станковиќ е љубител и на мотори. Тој во својот имотен лист навел дека поседува мотор Хонда ЦБХ со зафатнина на моторот од 550 кубни сантиметри, произведен во 2000 година, но нема информации која е неговата вредност.

Трите станови во Скопје со вкупна површина од 212 метри квадратни Станковиќ навел дека се сопственост на неговите родители кои имаат и една куќа од седумдесетина квадрати.

Тој освен пиштолот и моторот, на свое име има и орочена заштеда во банка од нешто повеќе од 8.000 евра, и скоро 3000 евра на трансакциската сметка. Останатиот имот, односно, околу 9.000 евра во кеш орочени во банка, како и луксузе Хонда Акорд од 2004 година заедно со кредит од 18.000 евра се заведени како сопственост на неговата сопруга.  

 

Кликнете на сликата за поголема верзија

23.01.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега