ФОТО: Ова е малолетничката која се бори за живот откако ја прегази пијан возач - каква е нејзината состојба?

Малолетничка во кома лежи на Интензивна нега во Осиек откако во неделата на неа налетал автомобил со кој управувал пијан маж. Се работи за 17-годишната Николина А. која се здобила со тешки повреди на главата како и нејзината 15-годишна сестра Клара А. и нивната 17-годишна другарка кои поминале со полесни повреди, на кои налетал пијан 50-годишен возач.

Според инфирмациите од 24сата.хр, мајката на малолетничката, Аница А. верува дека нејзината ќерка ќе преживее, бидејќи е вистински борец, додека лекарите не се оптимисти околу состојбата на девојчето кое е во кома, за да и се подобри состојбата, но се уште лекарите не прогнозираат дали ќе преживее.

Инаку, возачот кој ја прегази малолетничката имал 0,80 промили алкохол во крвта, а по несреќата испаничен излегол од автомобилот и започнал да вика Леле што направив!!!

Повеќе детали за несреќата прочитајте тука.

23.01.2014 - 11:41
Фото: 
24сата.хр

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега