Грчката национална електрична компанија ќе се приватизира во три етапи
Грчката национална електрична компанија (ДЕИ) ќе биде приватизирана во три етапи, изјави портпаролот на Владата, Симос Кедикоглу.
Првата етапа ќе биде поделбата на сопственоста на операторот на електоренергетскиот систем, вториот се однесува на создавање на нова компанија и третата етапа ќе биде приватизација на компанијата-мајка.
Кедикоглу наведе дека дел од вработените во ДЕИ ќе бидат преместени во новата компанија и вети оти нема да има отпуштање на работници.
ДЕИ треба да биде приватизирана во рок од три години.
Грчката национална електрична компанија произведува 69 проценти од електричната енергија и обезбедува продажба на 92 проценти од струјата.