Со Пристапниот дијалог ќе се забрза патот на Македонија кон ЕУ
По денешната средба на комесарот за проширување Штефан Филе со заменик-претседателот на Владата на Република, Фатмир Бесими и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, европската комисија испрати соопштение во кое се посочува дека фокусот на оваа средба бил на реформите поврзани со Европската унија, вклучувајќи ја и улогата на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) како алатка да се поддржи напредокот на европскиот пат на земјата.
Во соопштението сПе вели дека тројцата разговарале за спроведувањето на минатогодишниот полиитчкиот договор од 1 март и клучните реформски приоритети вклучително и во областа на слободата на медиумите, независноста на судството и изборното законодавство.
Филе, Бесими и Попоски се согласија да ја продолжат дискусијата во однос на зајакнување на Пристапниот дијалог на високо ниво и неговото влијание, пред следниот извештај за напредокот, со цел земјата да се движи напред на патот кон интеграцијата во ЕУ. Тие исто така, разговараа и за добрососедските односи и потребата од континуирани напори да се изгради доверба и создавање услови за решенија, се наведува во соопштението од неофицијалната Влада на Унијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа